Британско разузнавање тврди: Русите се обидуваат да ги опколат Украинците, се подготвува голем напад

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина. Во него се наведува дека руските сили маневрираат од северот и југот на земјата со цел да ја опколат украинската армија на истокот на земјата.

Руските сили напредуваат од правец на Харков и Мариупол, се вели во извештајот.

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1506523823394406405?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506523823394406405%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fbritansko-razuznavanje-rusite-se-obiduvaat-da-gi-opkolat-ukraincite-se-podgotvuva-golem-napad%2F

Во меѓувреме, борбите на север, или обидот на Русија да го освои Киев, остануваат „во голема мера статични“, соопшти британското министерство.

„Руските сили веројатно влегле во период на реорганизација пред продолжувањето на големите офанзивни операции“, се вели во извештајот.

Очигледно, руските сили се обидуваат да го заобиколат Миколајев на патот кон Одеса, важно пристаниште во југозападна Украина, според Британците.