Британското разузнавање не е против учеството на кинески Huawei во градењето на 5G мрежата

Шефовите на британските специјални служби не се спротиставуваат на учеството на кинеската корпорација „Huawei“ во градењето на неклучните елементи од системот на мобилната комуникација од петтата генерација (5G) во Велика Британија, пишува во неделата весникот Mail On Sunday повикувајќи се на извори од британските безбедносни агенции.

Според тврдењето на весникот, пршањето за користењето на опремата на „Huawei“ при развивањето на 5G мобилната мрежа во Велика Британија ќе биде разгледување кон средината на јануари на седницата на Советот за безбедност со кој ќе претседава премиерот Борис Џонсон.

Британските медиуми претходно пишуваа дека дискусиите за ова прашање веќе се воделе на априлската седница на Советот за безбедност, со кој претседавала поранешната премиерка Тереза Меј. Тогаш не било донесена конечна одлука, но весникот The Daily Telegraph објави дека Меј и повеќето членови на Советот немале никаков приговор да му се даде ограничен пристап на „Huawei“ до националниот телекомуникациски систем со тоа што ќе дозволи испорака на антени и други елементи кои не се клучни за инфраструктурата на мрежите 5G. Според написот, со овој став не се согласиле четворица челнови на кабинетот на Меј, меѓу кои и министрите за надворешни и за внатрешни работи, како и за одбрана.

Ситуацијата е сложена поради ставот на САД кои повеќепати истакнуваа дека соработката на нивните сојузници, вклучително и на Велика Британија со „Huawei“ ќе биде пречка за натамошно разменување на разузнавачките информации меѓу двете земји. Според изворите на Mail On Sunday во британската влада „одлуката сега е чисто политичка“. Лондон ќе биде принуден да ги влоши односите со Вашингтон во пресрет на претстојните преговори за договор за слободна трговија меѓу двете земји, од една страна, и технолошкото заостанување поради доцнењето со воведувањето на напредните телекомуникациски стандарди.

Британската влада планирала да потпише договор со „ Huawei“ за испорака на опрема за мрежите од 5G генерацијата, но отокао компанијата се најде на удар на обвинувањата од САД за наводна техничка шпионажа и собирање тајни податоци со помош на нејзината мрежа во полза на владата на Кина, британските власти решиле привремено да го запрат разгледувањето на ова прашање.

Кинескиот концер „Huawei“, основан во 1987 година, произведува телекомуникациска опрема, како и уреди за широка потрошувачка, во прв ред паметни телефони. Производите и услугите на компанијата се достапни во повеќе од 170 земји во светот. Компанијата е на удар за економски санкци во целиот свет, откако САД и Австралија објавидја дека употребата на нејзината опрема претставува закана за безбедноста на земјата во која се користи, а на американските добавувачи им е забрането да соработуваат со „Huawei“. Компанијата ги негира сите обвинувања за шпионажа или кражба на податоци.