British Council се извини за необјавување на есеј на Орвел од 1946-та

Британскиот совет (British Council) постхумно се извини поради тоа што во 1946 година одбил да објави есеј на славниот Џорџ Орвел за англиската кујна, поради тоа што не биле сигурно дали е текстот „соодветен“ за читателите на континентот.

Организацијата којашто ги промовира британската култура и јазик ширум светот, објави блог под наслов „Извинување за господин Орвел“.

Аналитичарот Алесдејр Доналдсон напиша дека се чини оти British Council пред 70-ина година сакал да го избегне есеј за храната, дури и оној кој ги споменувал погубните последици од воените недостизи по зимата 1945 година кога многумина трпеле глад.

На Орвел му е објаснето дека не би било паметно да го објави есејот насловен како „Во одбрана на англиската кујна“, толку скоро по зимата во која немало храна и во период кога повоените оброци биле „рационализирани“.

Скусената верзија на есејот на Орвел е објавена во The London Evening Standard. Во нарачаниот есеј, Џорџ Орвел ги изнел своите забележувања за англиската кујна и вклучил притоа неколку рецепти.

Џорџ Орвел, кој почина во 1950 година на 46-годишна возраст, е најпознат во светот по култните романи „1984“ и „Животинска фарма“.