Британците знаат каде е исчезнатиот авион, таму се уште не се трагало

Британската компанија Инмарсат, која управува со сателити, открила дека истражувачите кои трагаат по исчезнатиот авион се уште не биле на подрачјето за кое експертите веруваат дека е местото на несреќата. Податоците на нивниот сателит се најдобрите траги досега.

Истрагата е прекината додека бродовите не го скенираат подморјето на Индискиот океан. Кога ќе се продолжи истрагата подрачјето што го одредил Инмарсат ќе биде клучнта точка. Меѓутоа, постојат уште неколку групи кои го одредиле клучното подрачје, кои исто така ќе биат пребарани во следната фаза. Се очекува дека австралиските власти наскоро ќе објават кои се тие локации.

Инмарсатовиот сателит воспоставил кратка врска со авионот. Меѓутоа, бродот „Оушн Шилд“ кој тргнал кон таа локација никогаш не стигнал таму бидејќи нашол нешто за што биле сигурни дека е од авиониот, па се задржале на тоа подрачје.

-Тоа не била нереална локација на исчезнатиот авион, но таа за која постои најголема веројатност е на североисток.

Боинг 777 исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8 – ми март со 239 луѓе.