Брнабиќ ја откажа средбата со сенаторите од САД

Премиерката  на Србија Ана Брнабиќ ја откажа средбата со група сенатори од Соединетите Американски Држави која беше планирана за утре во 11 часот, соопшти вечерва српската влада.

„Средбата на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, со група сенатори од Соединетите Американски Држави, која беше планирана за утре, 25 мај во 11 часот, се откажува“, се наведува во соопштението на Владата, без да се образложат причините за откажувањето.

Сенаторите од САД Крис Марфи и Гери Питерс се во посета на Белград, а утре претпладне ќе бидат примени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.