Брнабиќ го обвини Брисел за лицемерие поради односот на ЕУ кон Приштина

Српската премиерка Ана Брнабиќ во неделата реагирајќи на соопштението на европското тело за надворешни работи EEAS со кои се повикуваат челниците во Белград и во Приштина да се воздржат од потпалувачката реторика, побара од Брисел да „прекине со лицемерието“.

Брнабиќ, исто така, оцени дека Европската унија „не го завршила својот дел од работата“ во примената на Бриселскиот договор од 2013 година и воспоставување на Заедницата на српските општини во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија која со поддршка на водечките западни земји во 2008 година еднострано прогласи независност.

Премиерката Брнабиќ на Twitter остро реагираше со пораката дека ЕУ не ги исполнила своите обврски, потсетувајќи дека со договорот меѓу Белград и Приштина во Брисел во 2013 година е усогласено формирањето на Заедницата на српските општини на Косово.

„Доколку ЕУ го завршеше својот дел од работата – обезбедеше примена на Бриселскиот договор и ги гранатираше основните човекови права на Србите на Косово и Метохија – работите денеска би изгледале многу поинаку. Затоа, ве молам, прекинете со лицемерието“, порача Брнабиќ во објавата на Twitter.

Брнабиќ оцени дека, гледајќи ја денешната изјава на EEAS, „некој би можело да помисли дека денеска е 1-ви април, а на 14-ти август“. „Сигурно станува збор за некоја (многу несолена) шега“, додава српската премиерка.

Формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е усогласени со договорот кој во април 2013 година во Брисел го потпишаа тогашните претставници на двете страни под покровителство на тогашната шефица на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон.

Брнабиќ во објавата додава и дека „цели 175 денови, (косовскиот премиер) Албин Курти провоцира вооружен конфликт со Србите“ и тоа „во годината којашто ќе остане запаметена како година во којашто Курти на истите тие Срби на Косово и Метохија им ги одзеде најосновните човекови права – забранувајќи им да гласаат“.

„Дури и самата ЕУ признава дека не може да влијае врз Курти да ја воспостави Заедницата на српските општини – суштината на Бриселскиот договор“, наведува Брнабиќ.

„Освен бескорисната пишана изјава, ЕУ не стори ништо по тој повод“, го коментира српската премиерка соопштението на EEAS.

Брнабиќ истакнува дека „наспроти тоа, претседателот (на Србија) Александар Вучиќ и Србија имаат јасно мото, а тоа се мирот и стабилноста“. „Тажно е да се види дека ЕУ не ја гледа сопствената вина за тоа каде денес се наоѓаме“, оценува Брнабиќ.

Европската служба за надворешни работи (EEAS) објави претходно денеска на својата интернет страница соопштение во кое истакнува дека неодамнешниот пораст на потпалувачката реторика меѓи функционерите од Белград и од Приштина, а особено дека изјавите за војна и судири на западен Балкан предизвикуваат „голема загриженост“.

Се истакнува и дека „високите политичари на двете страни ќе бидат одговорни за секоја ескалација кој ќе доведе до зголемени тензии и, потенцијално, насилство во регионот“.
Се порачува дека двете страни мора „веднаш да ги прекината меѓусебните непријателства и опасните изјави, како и „да се однесуваат одговорно“.

Истовремено, EEAS истакнува дека ЕУ очекува дека „за овие предизвикувачки теми“ под покровителство на шефот на дипломатијата Жозеп Борељ, на 18-ти август во Брисел, на највисок ниво ќе разговараат Вучиќ и Курти. Претходно беше објавено дека Борељ ги повикал Вучиќ и Курит на разговори за продолжување на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.