ВИДЕО| Брнабиќ сигурна дека бил планиран атентат врз Вучиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди во неделата дека било планирано убиство на претседателот Александар Вучиќ и дека наводите за прислушкување на претстедатлот на Србија и аферата „Јовањица“ се обиди за државен удар.

„Тоа беше планирано долго и детално. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) се формираа паралелни структури и се водеа кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа медиумите во регионот со цел да се дехуманизира Вучиќ и од него и неговото семејство да се направи криминален клан“, изјави Брнабиќ во утринската програма на ТВ Пинк.

Рече дека атентатот врз Вучиќ бил планиран на откривањето на споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27-ми јануари годинава, но не наведе поединости  и зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

„Да го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно ‘Којзнае во што се вмешани тој и неговото семејство’. Во МВР имаше многу такви работи. Монструозно е колку добро беше поврзана таа мрежа“, истакна Брнабиќ.

Истакна дека надлежните служби, биле професионални и спречиле убиство на шефот на државата, и додаде дека во моментов се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.