Брнабиќ: Србија веќе не е земја со евтина работна сила

Денеска веќе не се говори дека Србија е земја со евтина работна сила и на оние што влечат кабли. Србија е денес земја со која сакаат да соработуваат, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на затворањето на 28-от деловен форум „Копаоник“, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија, според Брнабиќ, има минимален пад на БДП во Европа и ќе ги надмине предвидените шест отсто економски раст.

– Растот е воден од растот на градежната индустрија, изградбата на патишта, дигитализацијата – потсети Брнабиќ.

Во моментов, како што изјави таа, се градат 330 километри патишта.

– Инвестирани се четири милијарди евра во инфраструктурата која сега е во фаза на изградба – нагласи Брнабиќ.

Таа кажа дека оваа година од основните училишта ќе излезе првата генерација матуранти кои имаа програмирање како основен предмет.

– Од 1 септември во основните училишта ќе се воведе настава по вештачка интелигенција. И училишниот систем ќе биде целосно опремен за да овозможи иновации – рече Брнабиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.