Брнабиќ вели дека војската би можела да интервенира, доколку Косово формира војска

Српската премиерка Ана Брнабиќ навести во средата дека создавањето на војска на поранешната јужна српска покраина Косово би можело да испровоцира воена интервенција на Србија, дваесет години по вооружениот бунт на Албанците поддржани од Западот против српските власти.

Официјален Белград тврди дека нема услови за промена на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, со која трврди дека на Србија и’ се признава територијалниот интегритет и суверенитет над Косово, како и дека трупите на УНМИК састе гарант на безбедност во областа, и оти не се предвидени никакви косовски воени сили.

„Се надеваме дека никогаш нема да мораме да ја употребиме нашата војска, но, за жал, мислам дека тоа во моментов е една од опциите на масата, бидејќи не можеме да гледаме ново етничко чистење и нови ’бури’, иако (албанскиот премиер) Еди Рама повикува на нив“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ за новинарите.

Брнабиќ истакна дека се согласува со претседателот Александар Вучиќ во оцената дека формриањето на војска на Косово значи дека Србија ќе биде во ќорсокаки уште еднаш апелираше „на повикување на разумот“. Се надева дека ќе има „доволно разум на странта на САД да знаат пшто е добро за нивните партнери во Приштина“, пренесува електронскот издание на белградскиот дневен весник Политика.

Ваквото предупредување во вторникот беше една од ударните вести кои ги пресе агенцијата Associated Press, констатирајќи дека станува збор за „досега најотвореното предупредување од зголемување на тензиите мешу Белград и Приштина“. Американската агенција оценува и дека воена интервенција на Србија на Косово би предизвикала директни судири со мировната мисија предводена од НАТО.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека Косово својата војска ја формира „за Авганистан и Ирак“ и „за да им помогнеме на другите земји“, и истканува дека тоа не закана за косовските Срби кои ги повикува да и’ се придружат на идната армија. Харадинај оцени дека наводите дека Косово „формира војска за северот“, доминантно населен со Срби, е „чиста лага“ и исткнува дека „нема да има војна“, пренесува порталот Kossev.

На изјавата на Харадинај возврати српскиот министер за одбрана Александар Вулин со иронична оцена дека „Албанците од Косово веќе се и во Ирак и во Авганистан и во Сирија, и насекаде каде што се терористите на Ал Каеда и Исламската држава“. „Доколку Харадинај сака да ги испраќа Албанците од Косово и Метохија во Ирак и Авганистан, не треба за тоа да се обидува да направи војска“, рече Вулин.

Најавата за формирање на косовска војска, Русија како српски сојузник го оцени како „уште еден дестабилизирачки и провокативен чекор“, додека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека е погрешно време за таков чекор.

Во екот на спорот меѓу Белград и Приштина, од Брисел стасува пораката дека сега е „лош момент“ са пеустројување на Косовските безбедносни сили во косовка восјка. „Таквиот чекор доаѓа во погрешно вереме, спротивен е на препшораките на бројните НАТО сојузници и може да има сериозни последици за косовските евроатлантски интеграции“, порача Столтенберг. Истакна дека НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили во сегашниот мандат и дека секоја трансформација кора да биде согласна со уставот на Косово.

Белград ова го толкува како обврска на косовските власти за стратешките прашања, како што е формирање на војската, согласност морад да даде и српската страна, а ја обвинува Приштина дека, со неодамнешното усвојување на сетот закони во косовскиот парламент, се обидела да ја избегне оваа обврска.

На Столтенберг одговор му стаса од Приштина, дека косовкстие власти не биле во можност да ги објаснат своите планови и намери пред партнерите во НАТО чијашто членка Косово има намера да стане. Фунцкионерот од КБС, Бурим Рамадани, оцени дека во пораките од функционерите на НАТО „нема место за конфузија“. „Трансформацијата на КБС е во согласност со билатералните и мултилатерални обвсрки на државите членки на НАТОм, како и мисијата на НАТО на Косово“, го цитира Рамадани приштинскиот портал Gazeta Expres. Пораката на Столтенберг, Рамадани ја толкува како последица од „тешкотиите кои НАТО ги има по прашањато на консензусот“, бидејќи некои земји членки на Алијансата не ја признаваат косовската независност еднострани прогласена во 2008 година со поддршка на САД и водечките земји во ЕУ.