Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс денеска на Твитер напиша дека не е изненадена што Северна Македонија се најде на третото место на листата на дестинации кои треба да се посетат во 2020 година, на компанијата за туристички водичи „Лонли планет“ (Lonely planet).
– Бидејќи имав можност да посетам некои од градовите тука, да пешачам низ убавите планини и да ја вкусам добрата храна, ова не доаѓа како изненадување. Северна Македонија е рангирана на третото место на листата на земји што треба да ги посетите во 2020 година. Одлично!, напиша амбасадорката на САД на Твитер.