Брнс: Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите

Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели американската амбасадорка Кејт Мери Брнс во изјава за „360 степени“.

Таа не предивидува нова политичка криза.

– Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент – вели Брнс.

Според Делегацијата на Еворпската унија, пак, во Скопје, дискусијата меѓу политичките лидери треба да продолжи за државата да може да организира избори и да продолжи целосно да се справува со последиците од ковид-19.