Брнз: Билатералните спорови да се решаваат надвор од процесот на евроинтеграциите

51

Се надеваме дека Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во интервју за телевизија Телма.

Според, Брнз, билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање.

-Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот. Навистина е важно, и ние продолжуваме да комуницираме за ова во Бугарија и во Македонија двете земји да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите, изјави Брнз.

Американската амбасадорка, во интервјуто, ги повикува сите политички партии да се обединат околу двата клучни предизвици со кои се соочува земјата – борбата против Ковид-19 и спроведување на реформите за членство во ЕУ.

-Прва работа што ја бараат граѓаните се решенија. Многу е лесно да се укаже на предизвиците, да се критикува, но она што е тешко, е да се работи заеднички на ефективни решенија. Се надеваме дека опозицијата, но и сите политички партии, сите организации ќе застанат зад овие две цели. Прво да се заштити нивното здравје и здравјето на граѓаните и второ да инвестираат во позитивна иднина која доаѓа со реформската агенда и напредокот на евро-атлантскиот пат, изјави Брнз во интервју за телевизија Телма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.