Бројката починати од корoнавирусот во Франција многу поголемa од официјалната

Бројот на починатите лица од коронавирусот е многу поголем отколку што покажуваат податоците на владата кои се однесуваат само на оние кои починале во болниците, изјави во средата претседателот на Федерацијата на болниците.

Во Франција до вторникот вечерта од коронавирусот починале 1.100 луѓе. На 14-ти март беа евидентирани 91 починато лице, па од тогаш е регистрирано десеткратно зголемување на овој податок за 11 дена. Станува збор за просечно зголемување за 28 отсто на дневно ниво.

Во текот на март бројот на заразените, пак, дневно растел просечно по 26 отсто, но во вторникот изнесувал 15 отсто.

Франција во вторникот стана петтата земја во светот со повеќе од 1.000 починати, по Кина, Италија, Иран и Шпанија.

„Познати ни се само бројките коишто ќе ги објават болниците“, велио Фредерик Валту од француската Федерација на болниците за радиото France Info.

Според него, апсолутната бројка би била многу поголема кога ќе се придодаде бројот на починатите во домовите за стари лица, и лицата кои починале во своите домови.

Челникот на француската агенција за здравство, Жером Саломон, рече дека властите наскоро ќе излезат со борјот на починатите во старечките домови. Само во една таква установа во источна Франција починале 15 лица.

Француските медиуми известија за повеќе десетици починати од коронавирусот во стратечките домови. Дневниот весник Le Monde објави, на пример, дека само во понеделникот само во домовите за стари лица на подрачјето на Париз починале 39 луѓе, како и дека приватните старечки домови не се ги објавуваат транспарентно ваквите податоци.

Валету вели дека е тешко да се предвиди кога стапката на расто на заразените и починатите ќе забави, како и дека не знае дали Франција навистине е „осум дена зад“ Италија.

„Не знаеме кога ќе настапи пикот на кризата, но сѐ уште сме во нагорната фаза“, вели Велту.

Додава и оти е тешко да се споредуваат бројот на заразените со другите земји, бидејќи Франција не тестира многи луѓе, како што тоа го прават соседните земји.

Францускиот премиер Едуар Филип најави натамошни рестриктивни мерки во секојдневниот живот, а министерот за здравство Оливие Веран истакна дека владата ќе го послуша советот на Светската здравствена организација и ќе го прошири терстирањето на коронавирусот. Како што е објавено, Франција дневно би можела да спроведува околу 10.000 тестови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.