Бројот коронаинфекции во Италиjа надмина два милиона

Вкупниот број лица заразени со коронавирусот во Италија надмина два милиона, односно 2.009.317 лица, соопшти во четвртокот вечерта министерство за здравство и потврди дека во последните 24 часа со 193.000 тестови потврдени се нови 18.040 нови зарази.

Со 505 починати во последното деноноќие, вкупниот број починати во Италија се зголеми на 70.900 сметни исходи, со што земјата е најпогодената во пандемијата во Европа, зад Велика Британија, а е и меѓу најпогодените во светот.

Од почетокот на пандемијата во земјата оздравеле 1.344.785 лица. Во моментов активни се 593.632 случаи на коронаинфекции, а бнројот на хоспитализираните се намалил на 24.000 пациенти, од кои 2.500 се на одделите за интензивна нега.

Италијанските власти од четвртокто на териротијата на целата земја го воведоа ткн божикен карантин, што подразбира значително ограничување на движењето на населението.