Бројот на децата на рекодно ниско ниво во сѐ постарата Јапонија

Бројот на децата под 14-годишна возраст во Јапонија се намалил за околу 190.000 на рекордно ниските 14,9 милиони заклучно со 1-ви април 2021 година, покажуваат годишните податоци кои ги објави министерството за внатрешните работи во вторникот.

Тоа значи дека бројот на децата во третата според обемот светска економија се намалува 40-та година по ред. Уделот на децата во вкупното население паднал на само 11,9 отсто. Од друга страна, четвртина од населението на Јапонија е постаро од 65 години.

Имајќи го предвид нискиот наталитет и сѐ повеќето стари лица, бројот на жителите на Јапонија би можел да падне од моменталните околу 127 милиони луѓе на помалку од 100 милиони жители во 2053 година, покажуваат официјалните процени.

Оваа појава, меѓу другото, е последица и на трендот меѓу младите Јапонци на сѐ поголема возраст да се венчаат и го одложуваат раѓањето на првото дете.

Во некои сектори од јапонското стопанство веќе се чувствува акутен недостиг од работна сила, исто така, и поради релативно ниските миграции во регионот.