Бројот на граѓани во Германија достигна рекордни 83,2 милиони

Во Германија брјот на ѓители лани достигна рекордни 83,2 милиони, благодарение на миграцијата, но ова е најмалиот раст од 2012 година, објави Канцеларијата за статистика. Германија има една од најстарите популации во светот и минатата година забележала повеќе умрени отколку родени уште од 1972 година.

Стареењето на населението претставува предизвик за јавниот пензиски систем во земјата и претставува проблем за компаниите кои сакаат да ангажираат квалификувани работници, пренесува „Ројтерс“.

Нето-миграцијата беше проценета на 300.000 до 350.000 во 2019 година, што е помалку во однос на претходната година кога била 400.000, соопшти Канцеларијата за статистика.

Повеќе од милион луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток, во Африка и другите делови на светот дошле во Германија откако канцеларката Ангела Меркел ги отворила границите во 2015 година.