Бројот на мртвите од коронавирусот во Хубеи надмина две илјади

Бројката жртви од новиот тип коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се искачи на 2.029, соопштија ноќта кон четвртокот по македонско време, тамошните здравствени власти.

Покрај тоа, вкупно од почетокот на епидемијата се регистирани 62.031 случај на зараза, од кои 10.337 лица заздравеле.

Во последното деноноќие во провинцијата е регистриран 349 нов случај на заболувањето, а бројот на починатите како последица од коронавирусот во последните 24 часа се зголемил за 108 луѓе.

Во болнците се хоспитализирани повеќе од 43.00 пациенти, од нив над 9.000 се во тешка состојба.

Според ажурираните податоци, стапката на смртноста изнесува околу 3,27 отсто, во однос на 3,11 отсто ден порано. Во текот на изминатиот ден, бројот новоооткриени сличаи на ифекјција се намализ за 1.344, на 349.