Бројот на мртвите во пожарот во пакистанскиот воз се зголеми на 73 луѓе

Најмалку 73 лица загинале и уште околу четириесет се повредени во пожарот кој избувнал во воз во Пакистант откако експлодирал уред во кој патниците приготвувале појадок, пренесува во четвртокот телевизијата GeoTV.

Пожарот уништил три од четирите вагони недалеку од градот Рахим Јар Кан, на југот од покраината Пенџаб. Композицијата патувала од јужниот град Карачи кон Равалпинди близу главниот град Исламабад, а многу од патниците оделе на верска конференција.

Многу од жртвите настрадале додека скокале од возот во движење сакајќи да се спасат од огнот. Локалните власти соопштија оти стравуваат дека бројот на мртвите може да биде и поголем. Четириесетина луѓе се повредени, а многумина од нив имаат тешки изгореници.

Засега не се знае точната причина за експлозијата. Односно дали експлодирал шпорет со плинска боца, или шпорет на гориво. Според една од верзиите разнесени се две печки за загревање на маслото кога се додавало гориво, односно експолидирале резервоарите за гориво кои патници ги користеле за подготовка на доручекот.

Пакистанскиот премиер Имрах Кан соопшти дека е многу тажен поради несреќата. „Наредив итна истрага“, напиша на Twitter.

Станува збор за една од најголемите железнички несреќи во Пакистан во последните речиси 15 години. Во јули најмалки 23 лица загинаа во несреќа, а во втора несреќа во септември четири лица. Околу 130 луѓе загинаа во 2005 година, кога воз налета на друга композиција во провинција Синд.

Пакистанската железничка мрежа од колонијалниот период последните децении пропаѓа поради хроничното недоволно вложување и лошото одржување. Во овој случај станува збор за возот „Tezgam“, еден од најстарите и најпопуларните железнички линии која ги поврзува гарнизонскиот град Равалпинди, близи главниот град Исламабад, и јужниот пристанишен град Карачи.