Бројот на невработени расте поради интересот за владините мерки, тврдат од АВРМ

Над 18 илјади луѓе останаа на улица поради пандемијата, но само половина од нив користеле паричен надоместок од државата поради прекин на работниот ангажман. Вкупниот број пак на  невработени надмина 250 илјади.

Од 250 илјади невработени околу 90 илјади се  пасивни, а  над 150 илјади активни баратели на работа. Од Агенцијата велат дека раст има и кај едната и кај другата категорија, главно за да можат да ги користат владините мерки за помош.

Од АВРМ апелираат до сите лица кои го пречекориле рокот за да се евидентираат како невработени, во најскоро време да го сторат тоа во спротивно ќе бидат избришани од евиденција.

Во моментов во агенцијата има околу 7.000 отворени огласи за работа. Се бараат  програмери, хигиеничари, возачи на камиони, занаетчии.