Бројот на невработените во Германија во јули пораснал посилно од очекуваното, но растот на овој показател е поврзан со впишувањето на бегалците од Украина во статистиката, соопшти во петокот Сојузната агенција за вработување (BfA) во Нирнберг.
„Бројот на невработените во споредба со јуни, во јули се зголемил за 107.000 и изнесува 2.470.000 лица“, стои во соопштението на BfA, па така стапката на невработеноста изнесува во Германија 5,4 отсто.
Агенцијата истовремено соопшти дека „неочекувано силниот“ раст на бројката невработени не е поврзан со проблемите на пазарот на трудот, туку со впишувањето на бегалците од Украина во статистиката за невработеноста.
Бегалците од Украина досега беа водени како приматели на социјални повластици во рамките на законот за подносителите на барањата за азил и бегалците од оваа земја.
„Пазарот на трудот, и покрај оптоварувањето и несигурноста поврзани со глобалните движења, сѐ уште е многу стабилен“, изјави за медиумите Даниел Терзенбах, член на управата на BfA.
Истовремено пораснал и бројот на непополнетите работни места. Како што е соопштено, во јули 881.000 работно место биле отворени, што е за 136.000 повеќе отколку во истиот период минатата 2021 година.
Најголем недостиг од работници има во услужните дејности, особено во угостителството но и во градежништвото, логистиката, здравството, образованието и инженерскиот сектор.
Германските медиуми, инаку, известуваат со проблемите со кои се соочуваат бегалците од Украина додека бараат работа, а што во пред е поврзано со непознавање на германскиот јазик и непризнавањето на нивната квалификуваност. Се смета дека од крајот на февруари и почетокот на војната во Украина, во Германија од оваа земја влегле околу 900.000 лица.
Стручњаците укажуваат дека не смеат да бидат повторени грешките направено во случајот на бегалците од Сирија. Од околу милиони од нив, колку во 2015/2016 година пристигнаа во Германија, само третината се работоспособни на германскиот пазар на трудот, а од таа третина 65 отсто сѐ уште се невработени и покрај големите потреби на германскиот пазар на трудот.