Бројот на починати од земјотресот во Турција се зголеми на над 50 лица

Спасувачките екипи извлекоа 70-годишен маж од урната зграда во Измир, рано изутрината, обезбедувајќи нова надеж дека повеќе преживеани ќе можат да бидат извлечени живи од урнатините речиси два дена откако силниот земјотрес во Егејското Море ја погоди Турција и Грција.

Во меѓувреме, бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 6,9 степени се искачи на најмалку 51, бидејќи спасувачките екипи копаат низ урнатините во надеж дека ќе најдат преживеани.

Грчката и турската влада, кои до неодамна имаа тензии околу Кипар и морското дно, си испратија меѓусебни пораки за солидарност по земјотресот.

Турскиот министер за здравство Фахретин Кохјах рече дека 70-годишниот преживеан Ахмет Цитим кажал дека „никогаш не ја изгубил надежта“ пред да биде извлечен од урнатините денеска по полноќ на.

Над 5.700 вработени од државни и локални агенции се мобилизирани за спасување.

Земјотресот се случи на крајбрежјето на 30 октомври, соборувајќи згради и предизвикувајќи мало цунами што удави најмалку една турска жртва. Десега се регистриарни 900 повредени лица Стотици последователни потреси продолжуваат да го тресат регионот. Од болниците се отпуштени 667 повредени лица, а 229 лица се задржани на лекување.

Според новинската агенција Анадолија, АФАД исто така објави дека најсилниот земјотрес бил проследен со уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени.

Продолжува потрагата по преживеани од урнатините во егејскиот регион во покраината Измир.