Бројот на починатите од Covid-19 во Италија надмина 70.000, во Британија рекордна бројка новозаразени и нов сој

Napoli 20 ottobre 2020 ANSA / CIRO FUSCO

Во Италија во средата пријави 533 смртни случаи поврзани со Covid-19, со што вкупниот број починати надмина 70.000, а Велика Британија ги регистрираше рекордните 39.237 новозаразени и 744 починати.

Во Италија повторно е забележан висок број на нови заразо од 14.522 наспроти 13.318 од ден порано.

Италија, којашто беше меѓу првите земји во светот беше погодена од пандемијата на коронавирусот, сега е петтата земја во светот која надмина 70.000 починати. Сега има 70.395 смртни случаи, и по овој показател е водечка во Европа. Истовремено, Италија од почетокот на пандемијата пријави речиси два милиона заразени со коронавирусот.

Истовремено во средата Велика Британија регистрираше рекордни 39.237 новозаразени и уште 744 починати. Во вторникот беа пријавени 36.804 новозаразени и 691 смртен случај.

Британија во средата објави дека открила за уште еден нов сој на коронавирусот, за кој министеророт за здравство Мет Хенкок изјави дека наделжните се многу загрижени, бидејќи многу лесно се пренесува.

„Детектиравме два случаи на нов сој тука во Британија“, изјави Хенкок за новинарите.

Додаде дека во двата случаи се работи за контакти за луѓе кои изминатите неколку седмици допатувале од Јужна Африка, каде што Јужноафриканската Република пред десетина дена пријави нов сој на коронавирусот.

„Овој нов сој многу нѐ загрижува, бидејќи полесно се пренесува и се чини дека мутирал во однос на (првиот) нов сој кој претходно беше откриен“, изјави Хенкок.

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговите советници известија во саботата за новиот сој на коронавирусот кој би можел да биде до 70 отсто позаразен и брзо се шири во Лондон и во југоисточна Англија, иако не се смета посмртоносен или поопасен за развој на потешка форма болести.