Бројот на починатите во САД се зголемил за 15 отсто во 2020-та

Истражувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) покажало дека минатата 2020 година била најсмртоносната во историјата на САД со зголемување на бројот на починатите од 15 осто во што улога имала и новата болест Covid-19, пренесува изданието Politico повикувајќи се на извори во CDC.

Повеќе од три милиона луѓе починале во САД минатата година, а Covid-19 бил третата најчеста причина за смртен случај по срцевите болести и ракот, пренесува Politico.

Официјалните резултати од споменатото истражување, CDC ќе ги објави во следниот број на стручното списание Morbidity and Mortality Weekly Report.

Стручњаците на CDC ја анализирале смртноста од Covid-19 и спроед расата и според етничката припадност.

Повеќе од 117,6 милиони луѓе се заразени во светот со новиот коронавирусо SARS-CoV-2, а досега од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19 починале 2.736.909 луѓе, според податоците на агенцијата Reuters.

САД се со најголема бројка на смртни исходи од Covid-19 во светот од почетокот на пандемијата, со повеќе од 528.000 починати. Во земајта досега се потврдени над 29 милиони пациенти со коронавирусот.

Директорката на CDC, Рошел Валенски, изјави дека се чини оти започнува надолниот тренд, откако неодамна бројо на заразените со коронавирусот го достигнал платото, а започнале да паѓаат и бројките на хоспитализираните со Covid-19 и починатите од оваа коронавирусна болест.