Бројот на родените во Јапонија најнизок од крајот на XIX век

Бројот на родените во Јапонија паднал во текот на минатата на рекордно ниско ниво, соопшти во петокот тамошното министерство за здравство, имајќи предвид дека сѐ повеќе двојки го одложуваат стапувањето во брак и основање семејство во условите на глобалната пандемија на коронавирусот.

Во 2020 година бројот на новороденчињата паднал за 2,8 отсто, на 840.832 деца во однос на претходната 2019 гоина и на најниската точка од кога започнало да се собираат овие податоци од 1899 година, соопшти јапонското министерство за здравство.

Бројот на регистраните браково во Јапонија паднал лани за 12,3 отсто, на 525.490 браковои, што е најмалку по Втората светска војна, се додава во истиот извештај.

Стапката на плодност во оваа земја, показател на очекуваниот број на раѓања по жена, паднала на 1,34 и е меѓу најниските во светот.

Светскиот наталитет изминатите речиси две години поради пандемијата на коронавирус, и покрај претходните проекции дека ткн „заклучувањето“ поврзано со пандемијата би можело да доведе до глобален „бејби-бум“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.