Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бразил надмина 150.000

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Бразил денеска надмина 150.000 лица, и покрај знаците дека пандемијата забавува во оваа најголема латиноамериканска земја.

Во последните 24 часа во неа беа регистрирани 26.749 нови случаи на коронавирус, а умреа 559 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 150.198.

Американските медиуми пренесуваат дека Бразил се наоѓа на второто место во светот, веднаш зад САД, според бројот на смртни случаи во пандемијата.

Од почетокот на пандемијата во Бразил се инфицирани 5,08 милиони лица.