Бројот на смртните случаи е енормно голем, и според параметрите на Филипче

Србија има процент на смртност од 2,09 проценти, а Македонија има процент на смртни случаи од огромни 4,77 отсто.

Ова го покажува компаративната анализа на податоци за КОВИД-19 во двете земји. Македонија има 2,28 пати (228 отсто) поголем процент на смртност од соседната земја.

Во земјата досега се заболени 3.538 граѓани, во Србија 12.311. Македонија има 169 починати, Србија 251.

Овие податоци го деманатираат и министерот за здравтво Венко Филипче чиј изговор беше дека не се пресметувал како број на починати на милион жители, на кој начин Македонија би била апсолутен рекорден во соседството,  туку според починати на број на заразени.

Инаку, Бугарија со 7.364.000 жители има 167 смртни случаи, Грција на 10.724.000 жители има 183 починати, а Албанија со 2.821.977 жители има само 34 починати.

Македонија според последниот попис има 2.067.000 жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.