Бројот на туристи зголемен за 12,8 отсто

Над 960.000 туристи, од кои над 600.000 странци, имале можност да се запознаат со нашата земја во деветте месеци од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика во септември бил забележан пораст на бројката на туристи и остварени ноќевања во земјава. Нивниот број е зголемен за 12,8 отсто во споредба со идентичниот месец лани, додека бројот на ноќевања пораснал за 6 отсто. Главен придонес во позитивниот развој на туризмот дале странските туристи, чиј број во текот на септември пораснал за 17,4 отсто.

Во периодот јануари – септември 2019 година, вкупниот број на туристи во земјава бил зголемен за 3,4 отсто, додека бројот на ноќевања во деветте месеци пораснал за 1,9 отсто.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмногу туристи во септември дошле од Турција, а по нив следуваат посетителите од Полска, Србија, Германија и Бугарија.