Бројот на убиените поради десниот радикализам во западните земји се зголемил за 250 отсто

Иако бројот на убиените поради десниот радикализан во Северна Америка, западна Еропа и Океанија се зголемил за 250 отсто во однос на 2014 година, бројот на загинатите во терористичките напади во светот во 2019 година паднал петта години со ред, објави меѓународна тинк-тенк група во средата.

Бројот на загинатите во терористичките напади во 2019 година изнесувал 13.826, што претставува пад за 15 отсто во однос на претходната година и петта години со ред оваа бројка е во пад од 2014 година, објави Институот за економија и мир (IEP) во својот извештај за Глобалниот индекс на тероризмот.

Истовремено, од IEP предупредуваат дека бројот на убиените поради десен радикализам во Северна Америка, западна Европа и во Океанија се зголемил за 250 отсто во однос на 2014 година. Минатата 2019 година, според нивните податоци, имаи 89 жртви во таквите напади.

„Тоа ниво сега е највисоко во изминатите 50 години“, објави IEP, пренесува агенцијата AFP. Меѓутоа, не се даваат анализаи за прилините за ваквиот опасен тренд.

Институтот истакнува дека судирите и натаму се главната причина за тероризот, бидејќи повеќе од 96 отсто од нападите во 2019 година се изведени во државите во ои траат војни или насилни судиру,

Најголем пад на бројот на убиените IEP забележал во Авганистан и во Нигерија, но тие остануваат „единствените две земји јаде што бројот на убиените е повисок од илјада“.

И покрај падот на броткот на жртвите од тероризмот на глобално нови, „тој и натаму претставува значителна и сериозна закана во многу земји“, а ситуацијата се влишува во Буркина Фасо, Шри Ланка, Мозамбик, Мали и Нигер, се наведува во извештајот.

Втора година по рад најпогоден регион е јужна Азија.

„Со навлегувањето во новата деценија гледаме нови закани од тероризмот. Најголеми примери се растот на крајната десница на западот и влошувањето во Сахел“, изјави за AFP Стив Килелеа, извршниот директор на IEP.

Талибаните и во 2019 година и натаму биле „најсмртоносната терористичка групација“, а Исламската дражва и натаму е во пад иако нејзините келии сѐ уште се активни, особено во супсахарска Африка.

Вo IEP заклучуваат дека пандемијата на коронавирусот и последиците од економската криза која ја предизвика „веројатно ќе ги зголемат политичката нестабилност и насилството“.