6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Бројот на заболени со коронавирус во САД надмина 3 милиони

Потврдениот број на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, повеќе држави бележат рекорден број нови случаи, а Флорида се соочува со заканувачки недостиг на болнички кревети во единиците за интензивна нега, објави Ројтерс.

Калифорнија, Хаваи, Ајдахо, Мисури, Монтана, Оклахома и Тексас вчера забележале рекордни броеви на нови инфекции, со најголем скок во двете најголеми американски држави, Тексас и Калифорнија, со повеќе од 10,000 нови случаи за еден ден.

Само во Тексас, бројот на хоспитализирани пациенти е повеќе од двојно поголем за последните две недели.

Поради ширењето на инфекцијата, се повеќе Американци се тестираат за ковид-19, а отворени се и дополнителни пунктови во урбаните области на Флорида, Луизијана и Тексас.

На Флорида, ситуацијата со болничките кревети во интензивна нега е особено сериозна, откако повеќе од 40 болници во 25 од 67 окрузи објавија дека нивните капацитети достигнале максимум. Вчера само 17 проценти од 6.010 болнички кревети за возрасни биле достапни во државата.

Бројот на заразени лица расте во 42 држави, а ковид-19 влијае на скоро секој стоти Американец.

Повеќе од 131.000 Американци починале од тешка болест на белите дробови предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 досега, а само вчера починале 923 лица.

Институтот за здравствена метрика и проценки (IHME) на Универзитетот во Вашингтон предвидува дека бројот на починатите би можел да достигне 208.000 до 1 ноември, доколку заразата се засили наесен.

Претседателот Доналд Трамп, кој силно се залага за започнување на економијата и ги повика Американците да се вратат на вообичаената рутина, вчера изјави дека неговата влада ќе изврши притисок врз федералните гувернери да ги отворат училиштата за да започнат со наставата наесен.

Тој објасни дека некои сакаат да ги остават училиштата затворени од политички причини, но дека тоа нема да се случи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.