Бројот на заболени со коронавирус во светот се искачи на 277.000

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во светот утрово се искачи на 277.000. Голем скок во новопријавени случаи вчера имаше во Германија каде вкупната бројка скокна за неколку илјади и таму сега речиси 20.000 лица се регистритрирани како позитивни на Ковид -19.

Покраината Северна Рајна Вестфалија и натаму е главното жариште во земјата со 6.257 заразени, а веднаш зад неа следат покраините Баден – Винтенберг со 3.665 и Баварија со 3.107 заразени. Позитивно за Германија е што споредено со бројот на заболени низок е процентот на смртност, поточно досега таму починале 57 лица, додека излекувани се двојно повеќе – 113.

Најцрниот биланс на смртни случаи вчера го имаше Италија каде починаа 624 лица со што бројот на смртни случаи таму надмина 4.000. Бројот на заболени во Италија се искачина на повеќе од 47.000. Втора по неа е Шпанија со над 21.571 позитивни на коронавирусот и 1.093 смртни случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.