Бројот на загинати по експлозија во Бејрут се искачи на 190

27

Бројот на загинати од масовната експлозија во Бејрут која се случи на 4-ти август се искачи на 190, според најновите владини податоци објавени во неделата.

Во меѓувреме, над 6.500 лица беа повредени во експлозијата на пристаништето, додека три лица сè уште се водат како исчезнати.

Властите сè уште испитуваат што е причина за смртоносната експлозија на амониум нитрат во либанскиот главен град на почетокот на оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.