Бројот на загинатите достигна 21, а на повредените над 1.000 лица во земјотресот во Турција

Најмалку 21 лице загинаа, а 1.030 се повредени во синоќешниот катастрофален земјотрес што ја погоди источна Турција.

Десетици од повредените се во сериозна здравствена состојба, а властите стравуваат дека најмалку 30 лица се заробени под остатоците од урнатите згради.

Стотици жители останаа без своите домови кои или целосно се урнаа или се сериозно оштетени во потресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер што ја погоди провинцијата Елазиг, а бил почувствуван дури и во Израел, Сирија, Грузија, Либан и Ерменија.

Според министерот за здравство Фахретин Коча 17 лица загинале во Елазиг, а останатите во соседната провинција Малатија.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го опиша земјотресот како несреќа од трето ниво и според планот на Турција за одговор при вонредни ситуации тоа значи дека се бара одговор на национално ниво, а не меѓународна помош.

Турција има историја на сериозни земјотреси. Повеќе од 17.000 луѓе настрадаа во земјотресот во 1999 година кој беше со јачина од 7,6 степени според Рихтер во градот Лимит, 90 километри источно од Истанбул. Околу половина милион луѓе тогаш останаа без своите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.