Бројот на загинатите на протестите во Чиле се зголеми на 13

Најмалку 13 луѓе загинале во Чиле во текот на масовните бездредија кои започнаа кон крајот на минатата седмица, пренесува во вторникот новинската агенција EFE повикувајќи се на податоци од чилеанската полиција.

Претходно во понеделникот, властите соопштија за 11 жртви во немирите.

Според властите, штетата предизвикана во текот на протестите во подземната железница на главниот град Сантијаго се проценува на околу 300 милиони американски долари.

„Поради дејствијата на вандалите, ќе биде потребно да се обноват речиси 40 отсто од сите станици на подземната железница“, изјави првиот човек на компанијата оператор Рубен Алварадо.

Поради безредијата, властите на чилеанската престолнина во вторникот ја откажаа наставата во образовните институции на сите нивоа.

Протестите, кои ескалираа во жестоки судири со полицијата, започнаа во Сантијаго на 14-ти октомви, по одлуката на властите да ја зголемат цената на билетите за метроро за 3,7 отсто, во просек од 30 пезоси, или 0,04 долари, до максимум 859 пезоси, или 1,2 долари. Подоцна немирите се проширија и на другите поголеми градови во земјата.

Поради моменталната состојба, властите најавија воведување вонредна состојба во главниот град и некои други градови. Чилеанскиот претседател Себастијан Пинеро мораше да го повлече зголемувањето на цените на јавниот превоз.

И покрај тоа што полицискиот час на сила е веќе трет ден, немирите,, грабежите и подметнувањата пожари продолжуваат во низа чилеански градови.