Бројот на загинатите од израелските напади во Газа се искачи 36

Во израелските воздушни напади во палестинската енклава Појасот Газа од вторникот загинале досега 36 Палестинци и уште 111 биле ранети, објави во четвртокот порталот Dunya Al Watan, повикувајќи се на портпаролката на министерството за здравство на енлкавата Вафаа Јаги.

Претходно беше објавено за 26 мртви и 69 ранети во Појасот Газа.

„Како резултат на израелската агресија на Појасот Газа во последните 48 часа, загинаа 36 Палестинци, меѓу кои осум деца и три жени. Уште 111 луѓе се ранетио, од кои 46 деца и 20 жени“, изјавила Јаги.

Само ноќта кон четвртокто, кога во воздушен напад во областа на градот Деир-Балах била погодена една куќа, загинале осум Палестинци, сите челнови на едно семејство.

Палестинската радикална групација Исламско џихад и војската на Израел од вторникот разменуваат напади, откако ноќта кон вторникот во израелски воздушен напад во јужниот дел од градот Газа беше убиен БАха Абу ал-Ата, влијателниот командат на вооружената франција на палестинското движење Бригадита на ал-Кудс. Во текот на изминатите два дена повеќе од 400 ракети и минофрлачки гранати се истрелани од палестинската енклава кон јужните делови од израелската територија, а израелската авијација нападна десетици цели кои е сметаат за позиции на радикалнот палестинско движење.

Ноќта кон четвртокот благодарејќи на посредничките напори на Египет беше постигнат договор за прекин на огнот. Промирјето во Газа стапи на сила во четвртокот во 5,30 часот по локално време. Според извештајот на агенцијата Maan, примирјето го потврдил портпаролот на Исламски џихад, Мусаб ал-Бураи. Во меѓувреме, и покрај примирјето, врз Израел била истрелан уште еден проектил, каде што трипати се огласиле сирените за тревога од воздушен напад.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.