Бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут се искачи на 135 лица

Бројот на жртвите од страотната експлозија во вторникот попладнето во пристаништето на Бејрут се искачи на 135, објави 24 часа по трагедијата либанскиот министер за здтравство Хамад Хасан.

Рано попладнето во средата министерството за здравство соопшти дека 113 луѓе ги загубиле животите во простаништето на либанската престолнина.

„Како резултат на експлизијата загинаа 135 луѓе, околу 5.000 се повреени, десетици се водат како ислезната по детонацијата во Бејрут“, изјави Хасан за телевизијата Al Jazeera.

Моќната експлозија, којашто предизвикала треперење на земјиштето евквиалетно на потрес со магнитуда од 4,7 по Рихтер, се случи во раните вечерни часови во вторникот во просторот со складишта на бејрутското пристаниште. Како што соопштија либанските власти причината е неправилно складирање на 2.750 тони амониум-нитрат. Разни степени на оштетувања претрпеле половината од сите објекти во Бејрут, а болниците се пренатрупани поради големиот број настрадани.

Либанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите од трагедијата и нареди итна и брза истрага која очекува да ги даде првите резултати по пет дена. .

Со наредба на владата во меѓувреме нареди во куќен притвор да биде ставена целата администрација на бејрутското пристаниште и одговорните за безбедноста и задолжените за сигураноста на можните и на експлозивните материи кои се чувале во складиштата од 2014 година.