Бројот на загинатите во Мјанмар се зголеми на 162 лица

51

Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето на коп за наоѓање жад и нефрит во подграчјето на гратчето Пхакан во северната сојузна држава Качин на северот од Мјанмар се зголеми на 162 лица, а бројот на повредените е 54, соопштои противпожарната слижба којашто дејсвува како служба за вонредбни состојби.

„Досега се откриени и извлечени 162 тела на загинати. Вкупно 54 луѓе се пренесени во болниците. Продолжува операцијата за потрега и спасување“, се наведува во објавата на противпожарната служба на Facebook.
Претходните податоци говореа за 126 жртви.

Несреќата се случила околу 8 часот по локално време во четвртокот, кога поради обилните дождови дошло до лизгање на куп од јаловина висок околу 300 метри во езеро. Според полицијата, на копот се работело и покрај предупредувањата на локалните власти за опасноста од свлечишта поради продолжената сезона на дождови.

Трагедиите на коповите и рудниците на жад како последица во областа Хпакант во сојузната држава Качин се доста чести, поради концетрацијата на главните ресурсу на земјата за производсто на жад кој се извесува во соседните земји, главно во Кина. Во свлечиште во истата област во 2015 година загинаа 116 луѓе. Локалните медиуми пишуваат дека изминатите години стотици луѓе ги загубиле животите во овој регион, а многи од нив се во потрага по жад самостојно расчистувајќи ги површините во потрага по заостанати парчиња жад кои не се откриени при регуларно рударство.

Владата на нобеловката Аунг Суу Кји вети дека ќе ја регулира индустријата кога во 2016 година ја презема власта, но активистите обвинуваат дека многу малку е сторено во оваа сфера. Официјалната добивка од жадот на Мјанмар изнесувача 671 милион евра за 2016 и за 2017 година, според информациите кои ги објави владата во рамките на Иницијативата за транспарентност, но експертите веруваат дека вистинската вредност на оваа индустрија, којашто главно извесува во Кина, е многу поголема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.