Бројот на загинатите во тајфунот на Филипини се зголеми на 142 луѓе

Бројот на загинатите во тајфуниот Раи, најсилниот кој годинава ги погоди Филипини, се зголеми на 142 луѓе, соопштија во неделата локалните власти.

Најмногу загинати има во покраината Бохол, на истоимениот остров, каде што се пријавени 72 смртни случаи. Гувернерот на покраината предупреди на криза во снабдувањето со вода за пиење, па апелираше да се донираат електрични генераторит за да се овозможи функционирање на станиците за полнење вода.

На островската покраина Динагат загинале 10 луѓе, а тамошните власти објавија дека „90 до 95 отсто“ од покраината претрпела штета или целосно е уништена.

Тамошната гувернерка Арлене Баг-оа го според тајфунот Раи со супертајфунот Хаијан, најсилниот во историјата на Филипини кој во 2013 година однесе 6.300 животи.

Најмалку 18 луѓе загинале во блиската покраина Западен Негрос, а на островот Сева загинале 16 лица. Во уште осум провинции во центрачниот и јужниот дел од островската држава загинале 26 луѓе.

Тајфунот Раи, поради кој се евакуирани 400.000 луѓе, во саботата ја мина територијата на Филипини, и во моментов се движи кон централен Виетнам и кон кинескиот остров Хаинан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.