Бројот на заразени и починати во Бразил речиси преполовен

Здравствените власти во Бразил соопштија дека во понеделникот регистрирале 641 смртен случај поврзан со Ковид-19, што е значително опаѓање во споредба со 1.022 смртни случаи забележани претходниот ден.

Вкупниот број на загинати од коронавирус во земјата се искачи на 50.617 лица.

Потврдени случаи на корона вирус се 1.085.038 лица во исто време, зголемени за 17,459 лица кои биле регистрирани во последните 24 часа. Но, и овие бројки се речиси преполовени, во споредба со 34.666 случаи регистрирани во неделата.

Бразил е на второ место по бројот на инфекции. САД сè уште водат во светот со 2,349,559 случаи или 25% од сите пријавени случаи и со 122,206 починати.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, долго време ја минимизираше опасноста од коронавирусот, нарекувајќи го „мал грип“. Тој смета дека економските последици од мерките против вирусот ќе бидат пострашни од самиот вирус.

Глобално регистрираните случаи на коронавирус достигнаа 9 милиони доцна во неделата.