Бројот на заразени од коронавирус синоќа надмина 60 милиони

18

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот синоќа надмина 60 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Ворлдметерс“.

Според тие податоци, бројот на заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата достигна 60.040,652, од кои 1.413,206 луѓе починаа од последиците на инфекцијата, додека 41.467,789 пациенти оздравеа.

Водечка земја според бројот на заразени сè уште се САД со 12.923,878 случаи, веднаш пред Индија со 9.221,998 и Бразил, каде од почетокот на пандемијата се разболеле 6.118,708 лица.

Европската земја со најголем број на заразени сè уште е Франција, каде од почетокот на пандемијата се пријавени 2.153,815 случаи на коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.