Бројот на заразени со делта сојот во Македонија се искачи на 10 случаи

Во Бројот на случаи на заразени со делта сјот на корона вирусот во државава се искачи на десет луѓе.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој се денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ.

-Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн – вели Филипче.

Тој посочи дека околу 400 илјади граѓани се веќе вакцинирани од кои 240.000 се ревакцинирани, а до крајот на оваа недела ќе заврши и вакцинирањето на сите 60.000 пријавени кои добиле термин заедно со граѓаните кои се вакцинирани во Србија.

-За неколку месеци на крајот на годината може ќе се појави нов сој кој исто така можеби побрзо ќе се шири од овој. Битно е луѓето да се вакцинираат. Очекувањата се дека ако е поконтагиозна како сој варијантата дека таа ќе стане доминатна. До колку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен со вакцинален колективен имунитет колку и да е позаразен нема да се повтори претходната слика со британскиот сој и тој силен бран. Логично е да се очекува новиот сој побрзо да се шири и тоа е карактеристика на РНК вирусите. Тие кога ќе најдат на некаква препрека мутираат и продолжуваат да се шират. Затоа е тој концепт една од опциите дека можеби ќе премине во ендемска форма оваа болест ќе ја има и понатаму и вакцината е единствена што не штити – вели Филипче.