Бројот на жртви од коронавирусот во Шпанија надмина 19.000

Во Шпанија во четвртокот починало 551 лице заразено со новиот тип коронавирус, со што бројот на вкупните смртни исходи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 19.130 луѓе, додека земјата тоне во сѐ подлабока криза, а бироата за невработени не стасуваат да ги обработат сите барања за паричен надомест во време на кризата.

Последната седмица дневно беа бележени меѓу 517 и 619 смртни случаи од Covid-19, со што Шпанија е третаа земја според бројот на починатите по САД и Италија.

„Во моментов многу е тешко да се процени кога овие бројки би можело да се намалат. Оптимист сум, но не сакам да се залетувам во процената. Дневната стапка на растот на смртноста падна од претходните 20 отсто на сегашните околу 3 отсто, но вистина е дека ова сѐ уште се загрижувачки податоци… Долг е периодот од кога некој ќе биде инфициран додека почине, па сега е тешко да се каже нешто повеќе“, изјави челникот на шпанските здравствени служби Фернандо Симон на прес-конференција.

Во четвртокот од коронавирусот заболеле дополнителни 3 отсто од населението, па бројот на заразени се искачи на 182.816 заразени. Ден претходно оваа стапка, исто така, изнесуваше 3 отсто.

Министерот за здравств, Салвадор Ила, оцени во четвртокот пред парламентот дека „воведените мерки го стабилизирале ширењето на вирусот“, и оти сега тој треба да биде држен под контрола, односно по достигнувањето на пикот би пребало да се потисне кривата надолу.

Во четвртокот оздравеле речиси 4.000 пациенти, со што бројот на закрепнатите се искачи на 75.000, што претставува околу 60 отсто од заболените. Заздраве и шефот на лекарските агенции Симон, кој втор ден по ред се појави на прес-конференција, откако беше во домашна изолација.

 

Многуте привремено отпуштени работници ги чекаат надоместоците

Додека се прават обидите за сузбивање на здравствената криза, Шпанија тоне во економска криза. Откако на 14-ти март беше прогласена вонредната состојба, а затворени се илјадници компании и објекти, повеќе од 450.000 претпријатија се одлучија за привремено отпуштање на работниците. Во рамките на програмата позната како ERTE, фирмите испраќаат до бироата за невработени барања за провремени суспендирања на работните договори, додека трае вонредната состојба, За тоа време работниците добиваат надомест за невработени во висина од 70 отсто од нивната плата.

Меѓутоа, бироата за невработени се заплиснати од огромен број вакви барања, што не успеаваат да ги обранотат. Додека не ги потврат, работниците не може да земаат надомест, што ги погодува повеќето од четирите милиони привремено отпуштени работнции. Некои од нив сѐ уште не го земале надоместокот за март и сега живеат во неизвесност.

Околу 47 милиони жители цел месец се затворени во својот дом, а од понеделник е дозволено одење на работниците во индустријата и градежништвото.

 

Владата бара единство во справувањето со епидемијата

Шпанскиот премиер Педро Санчез последните денови е сѐ пожестоко критикуван од опозицијата, незадовлна од справувањето на неговата влада со кризата, па во средата во парламенто побара од сите партии заеднички да се спротистават на најтешката криза којашто ја погодила земјаат во последните 80 години. Таков договор, на пример, постинаа шпанските партии во 1977 година, кога земјата преминуваше од диктатирата во демократијата, кога се усогласија околу привремените мерки.

Но во средата конзерватиците од најголемата опозициска Народна партија (РР) одржаа да ја поддржат левата влада обвинувајќи го Санчез дека тоа му е изговор за избегнување на одговроноста и останување на власт. Десната партија Глас (Vox), третрата по бројот на пратениците, исто така одби да го поддржи договорот, како и каталонската антикапиталистичка партија Кандидатура на нардоно единство (CUP).

Левата коалиција составена од Шпанската социјалистичка работничка партија (PSОЕ) на Санчез и на малцинскиот партнер Заедно можеме (Unidas Podemos) на власт е од јануари. Санчез порача дека деновиве ќе разговара со лидерите на сите партии, вклучително и Пабло Касадо, лидерот на Народната партија.