Бројот на жртвите на коронавирусот во Фрaнција речиси 26.000, од понеделник ублажување на мерките

Бројот на починатите во епидемијата на коронавирусот во Франција во четвртокот достигна речиси 26.000, соопштија здравствените власти, додека земјата од понеделник се подготвува за ублажување на мерките за ограничувања, со строги правила во различните области особено во Париз.

Од 1-ви март во Франција се регистрирани вкупно 25.987 смртни случаи како резултат на болеста Covid-19, од кои 16.386 се забележани во болниците и уште 9.601 во домовите за нега на стари и немоќни лица, соопшти во четвртокот вечерта Генералната дирекција за здравство (DGS). Во средата беше објавено за 25.809 починати.

Од почетокот на епидемијата хоспитализирани се 95.210 пациенти, од нив 55.027 се отпуштено од болнциите, без да се сметаат десетиците илјади кои се лекувале во домашни услови и не биле хоспитализирани.

Според податоците на DGS, во моментов во франциските болници се згрижени 23.208 пациенти со Covid-19, при што во последните 24 часа регистрирани се 728 нови хоспитализации. На одделите за интензивна нега се сместени 2.961 пациент со тежок тек на коронавирусната инфекција.

Претходно во четвртокот премиерот Едуар Филип најавувајќи го ублажувањето на рестриктивните мерки од понеделник, посочи дека Франција е „пресечена на два дела“ според здравствената состојба, на прес-конференцијта на којашто ги прецизираше начините на ублажување на мерките започнати на 17-ти март.

Истакна дека во „црвените“ департмани, меѓу кои е и главниот град париз, рестриктивните мерки ќе бидат посторги. Средните училишта и натаму ќе останат затворени до крајот на мај, а извонредно строги прописи ќе мора да се почитуваат во јавниот сообраќај.

Четирите зони, парискиот регион, северот, истокот и центарот на земјата остануваат ткн „црвени зони“ поради поактивниот преноста на вирусот и поголемиот притисок врз болничкиот систем, прецизираше министерто за здравство Оливер Веран.

Додаде дека Франција се подготвува за масовно тестирање на лицата со симптоми на новиот коронавирус, како и оние ко ибиле во контакт со позитивните. Владата првпат објави мапа на Франција со капацитетите за тестирања. Целата франција е „зелена“, што значи дека има можности за тестирања на ниво на проценетите потреби од 700.000 тестови седмично, рече Веран.