Бројот на жртвите од ураганот Доријан на Бахамите се искачи на 45 луѓе

Бројот на жртвите од ураганот Доријан кој ги пустошеше Бахамите се зголеми на 43 лица, пренесува телевизиската мрежа NBC News цитирајќи го порптаролката на тамошниот премиер, Ерика Велс Кокс.

Претходниот биланс од невремето изнесуваше 30 жртви. Но како што истакнала Кокс, многу луѓе се пријавени за исчезнати, па е многу веројатно црниот биланс од налетот на ураганот да биде поголем.

Минатата недела ураганот Доријан ги погоди Бахамите, и според Црвениот крст, 13.000 куќи се уништени или оштетени.

Поради ураганот, повеќе од 220.000 жители на американските сојузни држави Јужна Каролина и Џорџија останаа без снабдување со електрична енергија. Во овие држави, како и во Северна Каролина и Флорида, објавени е режим за вонредни состојби.