Бројот на жртвите во автобуската несреќа во Тунис се зголеми на 26

Бројот на жртвите во несреќата на туристичкиот автобис во неделата во северозападен Тунис се искачи на 26 а уште 17 други лица се повредени, пренесува радиото Mosaic FM цитирајќи го портпаролот на министерството за здравство, Шокри Нафти, кој го коригираше претходниот црн биланс од 22 жртви.

Местото на несреќата во текот на денот го посети тунискиот претседател Каис Саид, придружуван од премиерот Јусеф Шахед кој е на чело на кризниот штаб формиран за истражување на оваа трагедија. Саид ги повикал локалните власти да ја реконструираат безбедносната инфрастуктура на овој дел од автопата за да се избегна слични трагедии во иднина.

Според првичните податоци, туристичкиот автобус се превртел на патот и се превртел по стрмната падина кај местото Амдун, во близина на селото Аин ал-Сенуши, во провинцијата Беџа. Истрагата смета дека основна причина за несреќата е преголемата брзина со која се движел автобусот на опасниот дел од трасата и ја пробил заштитната ограда.

Автобусот бил сопственост на приватна туристичка агенција и се движеч од главниот град Тунис кон градот Аин Драхам. Планинската област Аин Драхам е туристичка дестинација, која се наоѓа во близина на границата со Алжир. Во него имало 43 патници, главно студенти од предрадијата на главниот град Мухамедија и Фушан, на возраст меѓу 20 и 30 години, кои оделе на екскурзија во областа позната по природните ресурси.

Според Светска здравствена организација (СЗО), Тунис е на второ место, зад Либија во северна Африка, по бројот на сообраќајни несреќи.