Бројот на жртвите во епидемијата на морбили во Самоа се искачи на 60

Бројот на починатите лица во Самоа се искачи на 60, од кои повеќето се деца, соопшти во средата преку Twitter владата на оваа островска држава во јужен Пацифик со околу 250.000 жители.l

„Од избувнувањетео на епидемијара, кој средината на откомври годинава, регистрирани се 4.52 случаи на сипаници, од кои 171 во последните 24 часа. До денес 60 лица починаа од ова заболување“, се неведува во владиното соопштение.

Според министерството за здравство, најголем дел од починатите се деца под четиригодишна возраст. Исто така, се известува дека во моментот околу 177 лица се хоспитализирани, меѓу кои и 20 деца во критична состојба.

Претходно владата на Самоа објави дека сите државни институции во земјата ќе бидат затворени во четвртокот и петокот, а целиот нивен персонал ќе учествува во масовната кампања за вакцинирање против сипаници.

„Владата на Самоа ќе спроведе кампања за масовна вакцинација на 5-ти и 6-ти декември во целата земја. Се препорачува населението да врзе црвена крпа или да истакне црвено знаме пред својот дом за да укаже дека оние што живеат во него не биле вакцинирани и да им ја олесни работата на медицинските власти“, соопштија локалните власти.

На 16-ти октомври министерството за здравство на Самоа прогласи епидемија на сипаници, откако беше регистриран првиот смртен случај од оваа болест на 13-ти октомври. Објавен е каранти и прогласена е вонредна состојба, затворени се училиштата и детските градинки. Медицински персонал и вакцини против сипаници беа обезбедени од Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија, Франција, Кина, Норвешка, Јапонија, САД и Француска Полинезија.

Во последните две седмици во оваа островска држава доставени се околу 200.000 дози вакцини и во текот на масовната вакцинација која започна на 20-ти ноември против сипаници се вакцинирани 110.000 луѓе, што е околу 50 отсто од вкупната полулација на Самоа,