Бројот на жртвите во несреќата во рудникот во Сибир се искачи на 52

Бројот на загинатите во несреќата во рудникот за јаглен на далечниот руски Сибир се зголеми на 52 лица, известија во петокот по локално време службите за итни ситуации.

Според прелиминарните податоци во експлозијата во рудникот за јаглен „Листважнаја“ во Кузбаската област во сибирскиот регион Кемерово, загинале 52 лица од кои шестмина се припадници на спасувачките служби, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на пртестставник на службите за итни реакции.

Причина за несреќата, како што изјавил заменикот обвинител Дмитриј Демешин, била екслозија на метан предизвикана од искра и последователен динамичен удар врз групата рудари.

Локалната истражна космисија покрена истрага поради „кршење на безбедносните стаднарди“ и во текот на ноќта по локално време објави дека се уапсени директорот на рудникот, неговиот заменик и одговорните за областа во која се случила несреќата.

„Ова е голема трагедија“ изјави рускиот претседател Владимир Путин и ги пофали службите за итни интервенции кои „дадоа сѐ од себе“.

Според објавата на локалните власти, тие добиле дојава за појава на чад во рудникот околу 8 часот утрото по локални време. Во тоа време во рудникот под земја се наоѓале 285 рудари, од кои повеќето со итна евакуација се извлчени на површината, но поглема група од 75 лица останала блокирана во некои од подземните коридори.