Бројот на жртвите во невремето во САД се искачи на 58

Најмалку 58 луѓе ги загубиле животите во повеќе сојузни држави во разчлични инциденти предизвикани како последица од ледениот бран кој ги зафати САД, објави во саботата вечерта по средноевропско време весникот The New York Times

Според овие информации, вкупниот број на жртвите од неповолните временски услови во САД може и да биде поголем. Претходно во саботата весникот The Washington Post објави дека 47 жртви, главно во сојузната држава Тексас, каде што претседателот Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа.

Во медиумите се известува дека во овие податоци се вклучени лица кои починале како последица на смрзнување или труење со јаглерод моноксид во обидите на луѓето да се затоплат, а некои пак загинале во сообраќајни несреќи на замрзнатите патишта или се удавиле во надојдените реки, како и неколку случаи на пожари.

Невообичаеното суседено и снежно време зафати неколку региони во САД, а сојузнаа држава Тексас е меѓу најпогодените. Според порталот Poweroutage.com, вкупно 261.900 луѓе во биле без снабдување со електрична енергија.

Повеќето корисници на електрична енергија во Тексас повторно се приклучени на мрежата до крајот на седмицава, но во многу домаќинства кои немале струја неколку дена од студот испукале цевките, оставајќи и стотици илјади жители без вода во најлошата снежна бура последните 30 години.

Околу 150.000 потрошувачи и натаму се без снабдување со електрична енергија. Околу 14-те милиони жители на Тексас се соочуваат со проблеми поврзани со проблеми поврзани во снабдувањето со вода, а повеќе од 260.000 од нив останаче без вода за пиење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.