Бројот на жртвите во земјотресот во Турција се зголеми на 38

. (Ismail Coskun/IHA via AP)

Бројот на загинатите во земјотресот со магнитуда 6,8 кој го погоди истокот на Турција во петокот ноќта, се зголеми на 38 луѓе, соопшти во неделат вечерат Управата за вонредни состојни и природни непогоди AFAD.

Претходно во недечата претпладнето беше соопштено за 35 загинати и 1.607 настрадани. Но во текот на последните неколку часа спасувачите од под урнатините извлекле уште три тела на загинaти. Според последните известувања, околу 100 лица сѐ уште се згрижени во болниците

Медиумите објавија снимка на мајка и нејзината 2,5 годишн ќерка кои беа извлечени од под уранитините во кои минале повеќе од 17 часа. Спасувачите прво го извлекле девојчецето, а дури по четири часа и нејзината мајка.

Земјотресот со мајнитуда од 6,8 степени по Рихтер со епицентар во околинта на градот Сивриџе во покраината Елазиг ги погоди истокот на Турција во петокот ноќта. Подземните удари биле почувествувни во источните турски провинции Адана, Харај, Османије, Тунџели, Шанлиуфра, Малатија, Мардин, Самсун, Токат, Чорум и Кајсери. Земјотресот беше почувствуван и во соседните земји, како Сирија, Израел Ирак и Грузија, но не и во Анкара и во Истанбул.

Главниот подземен удар го следеле во саботата и неделата околу 700 афтершокови, од кои 530 биле со магнитуда од и повеќе од 4,5 степени.

Од AFAD предупредуваат населението да не се враќа во оштетените куќи, поради опасност од уривње. Ескпертите утврдиле дека 645 згради се тешко оштетени, како и дека во двете покраини се урнале 76 згради.