Бројот новозаразени со коронавирусот во светот скокна за рекордни 228.000 лица

80

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) извести во петокот дека во последните 24 часа во светот се забележани рекордни нови 228.102 случаи на зараза со новиот коронавирусот.

Најголеми зголемувања на бројот на заразените има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, според дневниот извештај на страницата //www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/situation-reports. Претходниот рекорден раст на новозаразените од 212.326 лица беше забележан на 4-ти јули.

Бројот на починатите од новиот коронавирус SARS-CoV-2 на дневно ниво и натаму е околу 5.000 дневно, или досега во седумте месеци од пандемијата надмина 550.000 починати. Бројот на заразените, пак, уште во средата надмина 12 милиони луѓе.

Мајк Рајан, шеф на програмата на СЗО за вонредни состојби, изјави во петокот дека не е веројатно дека новиот коронавирус ќе биде искоренет.

„Во сегашната ситуација не е веројатно дека можеме да го искорениме вирусот“, изјави Рајан на прес-конференцијата во Женева.

Додаде дека ссветот со елиминирање на кластерите на заразата „потенцијално би можел да го избегне најлошото, нови пикови на пандемијата и враќање наназад со карантинските мерки“.

Рајан рече и дека појавата, на често смртоносното воспаление на белите дробови во Казахстан е „сигурно на нашиот радар“, но додаде дека е можно да станува збор за Covdi-19.

„Нагорната линија на Covid-19 во оваа земја сугерира дека многу случаи всушност се недијагностицирани случаи на Covid-19“, оцени Рајан.

Марија ван Керков, функционерка на СЗО надлежна за пандемијата на коронавирусот, изјави дека пренесувањето на новиот вирус преку воздухот секогаш била причина за загриженост, но дека изгледа дека капките се највообичаениот пат за трансмисија на заразата.

„Трансмисијата преку аеросоли е една од формите на пренесување коешто нѐ загрижува од почетокот, особено во здравствените институции каде што знаеме дека овие капки може да се претворат во аеросили, што значи дека подолго може да останат во воздухот“, рече на ван Керков на истата прес-конференција во Женева.

СЗО во четвртокот објави нови насоки за пренесувањето на заразата со коронавирусот, во коишто наведе дека постојат некои извештаи за трансмисија преку воздухот, но сепак не и потврди дека се шири преку воздухот, што не може да се спречи со социјалното дистанцирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.