Бројот случаи на Covid-19 во светот надмина 61 милион

66

Бројот на случаите на зараза со новиот коронавирус во светот од крајот на минатата година досега надмина 61 милион, објави во петокот околу пладне по македонски време американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ кој ги сумира офицалните податоци од националните власти, како и од медиуми и други отворени извори.

Според пресметките на медицинските стручњаци од споменатиот универзитет, бројот на инфекциите со коронавирусот ширум светот изнесува 61.064.901, а починале 1.433.789 лица кај кои било потврдена болеста Covid-19.

Новиот сој коронавирус SARS-CoV-2 првпат официјално е забележан во кинескиот град Вухан на 25-ти декември 2019 година. По известувањето од страна на кинеските здравствени власти и развојот на заразата, Светската здравствена организација (СЗО – WHO), на 11-ти март годинава прогласи пандемија на новата коронавирусна инфекција Covid-19.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.